ПРВ.мк
Македонија

Полицијата трага по поранешен студент – оставил писмо со закани кон професори

Полицијата трага по поранешен студент – оставил писмо со закани кон професори

Полицијата трага по поранешен студент од тетовското село Голема Речица, откако на Факултетот за уметности при Тетовскиот универзитет било оставено писмо со заканувачка содржина упатено до професори.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 октомври околу 16:15 часот во СВР Тетово.

Пријавата ја поднеле деканот на факултетот С.А. (55) и секретарот А.А. (33).

Според пријавеното, околу 11:40 часот поранешниот студент дошол во канцеларијата на деканот и таму оставил писмо со заканувачка содржина наменето за професори на факултетот.

По оставањето на писмото, лицето го напуштило објектот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање, како и за целосно расчистување и документирање на случајот.