Македонија и Балканскиот Полуостров ги очекува период на значително заладување, со ниски утрински температури и студено време во текот на целиот ден.
Според најавената прогноза, во периодот од 30 ноември до 7 декември, Балканот ќе биде под влијание на поларен антициклон, односно систем на висок атмосферски притисок кој ќе донесе студено и претежно суво време.
Температури до -10, на планините и под -15 степени
Минималните утрински температури се очекува да бидат под нулата низ целата земја, а на одредени места би можеле да се спуштат до -10 степени, па и пониско.
На повисоките планински предели температурите би можеле да паднат и под -15 степени Целзиусови.
Значително студено време се очекува и во текот на денот. Максималните дневни температури ќе се движат од -2 до 4 степени, додека единствено во југоисточните делови би можеле да надминат 5 степени.
Според прогнозата, во овој период не се очекуваат врнежи од дожд и снег, но ниските температури ќе создадат услови за појава на мраз и голомразица.
На возачите им се препорачува дополнителна внимателност, особено во раните утрински часови.
Прогнозата е според доставените информации и не е независно потврдена од УХМР.







