ПРВ.мк
Македонија

Удри и побегна: Уапсен моторџијата по смртта на скопјанецот на кејот

Удри и побегна: Уапсен моторџијата по смртта на скопјанецот на кејот
Escape

По 24 часа потрага, полицијата го уапси возачот на моторот кој усмрти скопјанец на пешачката патека кај Жабарот на кејот, а потоа избегал оставајќи зад себе трагедија и повреден сопатник.

Несреќата се случила вечерта кога жртвата, познат како Југо, излегол од својот дом само за да исфрли отпад. Во тој момент бил удрен со голема брзина од мотор кој не смеел ни да се движи по таа патека. Возачот избегал веднаш по инцидентот, без да му помогне ниту на својот повреден сопатник, ниту на жртвата која починала на лице место.

Семејството и пријателите на Југо бараат правда, а јавноста остро реагира поради растечкиот број сообраќајни инциденти со мотоциклисти кои се движат низ пешачки зони. Се очекуваат официјални детали од МВР во текот на денот.

Mia Home Mavrovo