Општина Кавадарци продолжува со активностите за редовно одржување и подобрување на локалната патна инфраструктура.
Во тек е теренска акција за кастрење и расчистување на обраснатата вегетација покрај локалниот пат што ги поврзува кавадаречките села Крњево и Чемерско. Со оваа интервенција значително се подобрува прегледноста на овој патен правец, што директно придонесува за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и овозможува непречено одвивање на возилата.
Службите на Општина Кавадарци најавуваат дека активностите на терен ќе продолжат и во наредниот период, со цел подобрување на инфраструктурата и создавање подобри услови за секојдневно функционирање на граѓаните.






