ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ЗАГИНА ПОЗНАТ МАНЕКЕН: Доживеа несреќа за време на снимање реклама!

(ФОТО) ЗАГИНА ПОЗНАТ МАНЕКЕН: Доживеа несреќа за време на снимање реклама!

Германски државјанин и ѕвезда на австриското реално шоу „Forsthaus Rampensau“, Маноел Мано Машинек, трагично го изгуби животот на 37-годишна возраст во страшна сообраќајна несреќа во Италија.

Машинек, кој беше познат по учеството во споменатото шоу каде што се натпреваруваше заедно со својата долгогодишна партнерка Марија Максимовиќ, загина за време на снимање промотивен видеоматеријал. Тој управувал со син модел на автомобил од марката „Порше“ од деведесеттите години кога, од сè уште неразјаснети причини, изгубил контрола во една кривина. Автомобилот излетал од патот, се превртел на стрма падина и удрило во дрво, при што Машинек останал заробен во тешко оштетеното возило.

Иако била покрената обемна акција за спасување во која учествувале лекари, пожарникари и хеликоптер, стрмниот и непристапен терен исклучително ги отежнал спасувачките напори. Спасувачите на крајот успеале да го извлечат и веднаш започнале реанимација, но 37-годишниот Машинек починал на самото место од здобиените тешки повреди.

Со години беше во врска со Марија Максимовиќ, со која влезе и во реалното шоу

Покрај телевизиската кариера, Машинек бил инженер, модел и претприемач, а живеел во швајцарскиот кантон Сент Гален и работел за една индустриска фирма во Лихтенштајн. Негова голема страст биле брзите автомобили и мотоспортот, за што сведочат и честите фотографии со спортски возила на неговите социјални мрежи.

По потврдата за оваа страшна трагедија, австриската телевизија АТВ изрази сочувство до семејството, а посебно до неговата партнерка Марија Максимовиќ. Марија набрзо се огласи на својот инстаграм-профил каде што објави емотивна проштелна порака, нагласувајќи дека Мано загинал правејќи го тоа што најмногу го сакал на светот – возејќи автомобил:

– Ми го крши срцето тоа што токму она што толку многу го сакаше стана моментот кога морав да се простам од него – наведе таа во проштелната порака.

Во меѓувреме, италијанската полиција изврши увид, а јавното обвинителство наложи обдукција на телото и заплена на возилото за целите на истрагата. Истрагата исто така испитува дали продукциската куќа од Милано, која го изнајмила „Поршето“ за снимањето, ги имала сите потребни дозволи за работа на оваа рута.