ПРВ.мк
Македонија

МИНУТИ НА СТРАВ ВО ТАКСИ: Девојки принудени да скокнат од автомобил додека се движел!

МИНУТИ НА СТРАВ ВО ТАКСИ: Девојки принудени да скокнат од автомобил додека се движел!

Необичен и вознемирувачки случај се истражува во Тетовско, откако две девојки, според пријавата до полицијата, морале да скокнат од такси возило додека било во движење поради несоодветното однесување на возачот.

Случајот бил пријавен на 4 август во Полициското одделение Теарце, каде што пријавителот Д.Ќ. информирал дека неговата 20-годишна девојка Е.И. и нејзината 16-годишна другарка од селото Пршовце имале проблеми за време на такси превоз.

Според пријавеното, девојките побарале да бидат однесени до одредена локација, но возачот наводно не го запрел возилото и продолжил да се движи, при што започнал да се однесува непримерно.

Поради ситуацијата, двете девојки успеале да излезат од возилото скокајќи додека таксито било во движење, по што побарале помош.

За настанот биле известени јавен обвинител и надлежните од Центарот за социјална работа во Тетово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

По завршувањето на истрагата, против лицата за кои ќе се утврди одговорност ќе бидат преземени соодветни законски мерки.