Општина Бутел наскоро ќе добие три нови детски градинки, со што значително ќе се зголеми капацитетот за згрижување на децата од предучилишна возраст.
Градинките во Бутел 1 и Бутел 2 се во завршна фаза на изградба, додека за новиот објект во Визбегово се обезбедени финансиски средства во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Од Општината очекуваат дека со пуштањето во употреба на сите три градинки целосно ќе се надмине проблемот со листите на чекање, а родителите ќе добијат подобри услови за згрижување и воспитување на своите деца.
Локалните власти порачаа дека инвестициите во предучилишното образование се вложување во иднината на најмладите жители на Бутел.






