ПРВ.мк
Македонија

НАПРЕДУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА НОВИОТ БИО ПАЗАР ВО КАВАДАРЦИ: Капитален проект вреден над 26,5 милиони денари!

НАПРЕДУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА НОВИОТ БИО ПАЗАР ВО КАВАДАРЦИ: Капитален проект вреден над 26,5 милиони денари!

Градежните активности за изградба на новиот Био Пазар во Кавадарци се одвиваат со засилена динамика.

Станува збор за капитален проект на Општина Кавадарци, со вкупна инвестиција во вредност од 26.500.000 денари (плус ДДВ). Со реализацијата на овој објект ќе се обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде што локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси ќе можат директно да ги пласираат своите производи без посредници – по фер цени и со зголемена доверба кај потрошувачите.

Преку оваа значајна инвестиција се вложува во три клучни столба за развојот на градот – подобрување на здравјето на граѓаните, зајакнување на економската моќ на локалните производители и обезбедување на одржлива иднина за Кавадарци.