ПРВ.мк
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ, НЕВРЕМЕ СЕ ПРИБЛИЖУВА: УХМР предупредува на пороен дожд, силен ветер и можен град – проверете дали вашиот регион е на удар!

ПОДГОТВЕТЕ СЕ, НЕВРЕМЕ СЕ ПРИБЛИЖУВА: УХМР предупредува на пороен дожд, силен ветер и можен град – проверете дали вашиот регион е на удар!

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно и нестабилно време, проследено со повремени врнежи од дожд и грмежи, а во одредени делови од земјата се очекуваат и поинтензивни временски процеси.

Според прогнозата на синоптичарите, локално нестабилноста може да прерасне во краткотрајно невреме, кое ќе биде проследено со силен ветер со брзина поголема од 60 километри на час, електрични празнења и изолирана појава на град. Поради тоа, граѓаните се повикуваат на внимателност, особено доколку престојуваат на отворено или патуваат во периодот кога ќе се развиваат нестабилните облачни маси.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 16 степени, додека дневната температура ќе достигне од 27 до 35 степени, што значи дека и покрај нестабилното време ќе се задржи релативно топло.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд. Во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме, проследено со силен ветер, грмежи и можност за појава на град. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од УХМР најавуваат дека оваа временска нестабилност нема да трае долго. Според прогнозите, во наредните денови под влијание на поле со висок воздушен притисок ќе следува период на стабилно, суво и топло време, со повеќе сончеви периоди и повисоки дневни температури.

Најнови вести