Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но попладне се очекува нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата, на одделни места се можни поинтензивни временски процеси со над 15 литри дожд на квадратен метар, ветер со брзина поголема од 60 километри на час, како и услови за краткотрајно невреме проследено со појава на град.
Утринските температури ќе се движат од 13 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 34 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината можно е краткотрајно невреме со пообилен дожд и град.
Според УХМР, од недела па до средината на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен северен ветер, кој во следните денови постепено ќе премине во умерен до засилен северен ветер.








