ПРВ.мк
Македонија

Пациентите со срцеви аритмии повеќе нема да одат во странство

Пациентите со срцеви аритмии повеќе нема да одат во странство
Kristal

На Универзитетската клиника за кардиологија за првпат е извршена аблација за коморна тахикардија, сложена интервенција што ќе овозможи пациентите да се лекуваат дома, без потреба од упатување во странство и без дополнителен трошок за Фондот за здравствено осигурување.

Првата успешна аблација ја реализираа македонските кардиолози, што претставува значаен чекор напред во развојот на електрофизиологијата во земјата. По интервенцијата, министерот за здравство Азир Алиу и генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, ја посетија Клиниката и истакнаа дека медицинскиот тим уште еднаш покажал врвно знаење, храброст и визија за резултати на највисоко ниво.

Директорката на Клиниката, Даница Петкоска Спирова, објасни дека воведувањето на оваа сложена интервенција овозможува навремено и ефикасно лекување на пациентите со сите видови срцеви аритмии. Досега, дел од овие пациенти беа упатувани на третман во странство на товар на ФЗО, што сега ќе се избегне.

Според Клиниката, новата процедура значи големо олеснување за пациентите и здравствениот систем, со подобрување на пристапот до врвна здравствена грижа во Македонија и намалување на потребата од скапи интервенции во странство.

Escape