Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар, заедно со Сообраќајната полиција-Скопје, минатата недела со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 154 возила кои биле непрописно паркирани и го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
За трајно решавање на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, неопходна е зголемена сообраќајна култура. Поради тоа, ЈП ПОЦ и СВР Скопје најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на несовесно и непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар, со цел подигање на свеста и зголемување на безбедноста во сообраќајот.