ПРВ.мк
Македонија

Повторно долги колони од коли на Граничниот премин Богородица

Повторно долги колони од коли на Граничниот премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со влажни коловози на некои места. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица, задржувањето од македонска страна изнесува околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги чекања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата во котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од одрони. Особено внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели го овој напис