ПРВ.мк
Македонија

Падна уште еден поранешен градоначалник – еве за што се сомничи!

Падна уште еден поранешен градоначалник – еве за што се сомничи!

Полицијата поднела кривична пријава против З.Н. (60) од селото Волино, општина Дебрца, поради сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“, со кое, според истрагата, е предизвикана значителна материјална штета на општината.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот во периодот кога извршувал функција градоначалник на општина Дебрца, наводно постапувал без соодветен договор и без спроведување законски процедури, со што овозможил повеќе правни субјекти да користат деловен простор во општинска зграда лоцирана во селото Волино.

Како што се наведува, овие субјекти во период од 2017 до 2025 година извршувале деловна дејност во објектот без обврска да плаќаат надомест во општинскиот буџет. Тоа, според полицијата, се случувало и покрај тоа што градоначалникот имал законска обврска да управува со имотот на општината и да обезбеди негово правилно користење и заштита.

Од МВР посочуваат дека со ваквото постапување, без воспоставени договорни односи и без надомест, е направена штета врз буџетот на општина Дебрца, чиј точен финансиски обем дополнително се утврдува.

Надлежните органи продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со користењето на општинскиот имот во спорниот период.

Најнови вести