ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б. (36) од Струмица, поранешна вработена во мобилен оператор, поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Во периодот од март до септември 2024 година, како бизнис агент, таа свесно присвоила осум мобилни уреди кои ѝ биле доверени на работа. На менаџерот му прикажувала дека ќе склучи бизнис договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран и ќе им додели телефони во вид на субвенции за направени активации и обнови.
При месечните пописи во продажниот салон во Гевгелија, свесно било прикриено дека недостасува стока, со што причинета е имотна штета од околу 600.000 денари.

















