ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Претреси на повеќе локации – еве што е пронајдено!

(ФОТО) ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Претреси на повеќе локации – еве што е пронајдено!
Kristal

Полициски службеници од СВР Тетово – Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје, утрово извршија координирана акција во тетовското село Брвеница, при што беа лишени од слобода пет лица и пронајдени дрога, оружје и поголема сума пари.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 28 јануари 2026 година во 06:40 часот биле приведени И.Ј. (43), С.З. (36), Д.П. (69), Д.П. (65) и С.З. (42), сите од село Брвеница. Врз основа на претходно издадена судска наредба, извршени биле претреси во нивните домови, помошни простории и патнички возила.

При претрес кај И.Ј. биле пронајдени пет паковки со бела прашкаста материја, 52 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 мм, два куршуми од пиштол од непознат калибар и една чаура од автоматска пушка. Кај С.З. (36) биле одземени 20 куршуми од автоматска пушка, пиштол и рамка со два куршуми без дозвола, како и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.

Кај Д.П. (69) полицијата пронашла пиштол без дозвола, ловен карабин, ловна пушка и пиштол за кои имал соодветни дозволи. При претрес кај Д.П. (65) биле пронајдени два списоци и тетратка со имиња на лица, два компјутери и околу 31.640 евра, 3.400 швајцарски франци и 56.500 денари. Кај С.З. (42) била пронајдена бела прашкаста материја.

Приведените лица се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape