ПРВ.мк
Македонија

МУ ФАТИЛЕ ДРВА СЕЧЕНИ НА ЦРНО, ПА ИМ ГО УДРИЛ КИБРИТОТ! - Ќе одговара за уништување докази!

МУ ФАТИЛЕ ДРВА СЕЧЕНИ НА ЦРНО, ПА ИМ ГО УДРИЛ КИБРИТОТ! - Ќе одговара за уништување докази!
Kristal

Интервенција на полицијата во пехчевското село Црник кон крајот на декември прераснала во сериозен инцидент исполнет со тензии, закани и обид за прикривање на докази. Во центарот на настанот се нашол 20-годишен жител на селото, кој, наместо да соработува со надлежните, решил да оди чекор подалеку.

Полициските службеници вршеле контрола на дрвна маса, при што утврдиле дека дрвата се без жиг и без соодветна документација, што укажувало на нелегална сеча. Во моментот кога му било укажано на неправилностите, младиот пехчевец реагирал агресивно, упатувајќи навреди и закани кон полицајците кои биле на службена должност.

Ситуацијата дополнително се заострила кога тој се обидел да ја запали дрвната маса. Според полицијата, намерата била очигледна – со уништување на дрвата да се отежни или целосно да се оневозможи докажувањето на констатираните незаконитости на лице место.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ОВР Берово поднело кривична пријава против 20-годишникот за загрозување на сигурноста, спречување службено лице во вршење службено дејствие и попречување на докажувањето. Случајот е предаден на надлежните институции за понатамошна постапка.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo