ПРВ.мк
Балкан

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО РЕГИОНОТ: Повредени македонски државјани!

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО РЕГИОНОТ: Повредени македонски државјани!
Kristal

Сообраќајна несреќа се случила вчера околу 12:50 часот на главниот пат во општина Лепосавиќ, на северот од Косово, во која биле повредени македонски државјани.

Според официјалните информации, во несреќата учествувале две патнички возила – едно со регистарски ознаки од Северна Македонија и едно со косовски регистарски таблички. Во судирот повреди здобиле двајца државјани на Северна Македонија, возачот и една сопатничка кои се наоѓале во возилото со македонски таблички.

Повредените веднаш биле пренесени на лекарски преглед, при што им била укажана соодветна медицинска помош. Засега нема официјални информации за тежината на нивните повреди.

Возачот на возилото со косовски регистарски ознаки, според полицијата, не се здобил со повреди.

Надлежните полициски служби извршиле увид на местото на несреќата, а причините и околностите под кои дошло до судирот се предмет на понатамошна истрага.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo