ПРВ.мк
Македонија

Освежена хоризонтална сигнализација на повеќе булевари и улици за поголема безбедност во сообраќајот во Кавадарци

Освежена хоризонтална сигнализација на повеќе булевари и улици за поголема безбедност во сообраќајот во Кавадарци

Во Кавадарци се реализираат активности за обележување на хоризонтална сигнализација на дел од главните сообраќајници, со цел зголемување на безбедноста и подобрување на условите за движење.

Со нова сигнализација се опфатени булеварите „Никола Минчев“ и „Македонија“, како и улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Блажо Алексов“, каде се врши обновување на пешачките премини и останатите сообраќајни ознаки на коловозот.

Изведувач на работите е Ј.П. Паркинг Кавадарци, кое со оваа активност придонесува за појасна и побезбедна сообраќајна комуникација за сите учесници во сообраќајот.

Со вакви интервенции, општината продолжува со мерки кои директно влијаат на зголемување на безбедноста и уредување на градската инфраструктура.