ПРВ.мк
Македонија

Огромно водство во Брвеница – победата е само прашање на време

Огромно водство во Брвеница – победата е само прашање на време

Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, се заблагодари на граѓаните за големата поддршка на локалните избори. Тој истакна дека довербата на граѓаните е потврда дека со чесна работа и искрена посветеност општината станува пример за развој, транспарентност и единство.

И покрај тоа што за околу 200 гласа недостигале за победа во првиот круг, Илиевски нагласи дека резултатот е јасна порака дека народот ја препозна вистинската работа и визија. „Разликата со конкуренцијата е огромна и симболизира довербата што ја изградивме заедно“, рече тој, најавувајќи дека во вториот круг ќе се потврди водството и ќе се заврши започнатата приказна за модерна, развиена и обединета Брвеница.

Тој повика на продолжување на активностите со истата енергија и посветеност и на крај порача: „Да ја заокружиме победата за Брвеница! Да продолжиме заедно напред! Да живее Брвеница! Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија!“

Escape