ПРВ.мк
Македонија

Одржана уште една детска креативна работилница во рамки на „Кавадаречко културно лето 2026“

Одржана уште една детска креативна работилница во рамки на „Кавадаречко културно лето 2026“

Во рамки на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2026“, денеска на локацијата „12 Младинци“ во Кавадарци се одржа уште една креативна работилница за најмладите.

Децата имаа можност да уживаат во цртање, друштвени игри и креативно изразување во позитивна и весела атмосфера. Настанот беше реализиран во соработка помеѓу Општина Кавадарци и Здружението „Роднокрајци“.

Организаторите изразија благодарност до сите учесници, родители и волонтери кои со своето присуство и ангажман придонесоа за уште еден успешен и исполнет ден посветен на детската креативност во Кавадарци.