ПРВ.мк
Македонија

Одржана јавна расправа за Нацрт-планот за почист воздух во Кавадарци за периодот 2027–2031 година

Одржана јавна расправа за Нацрт-планот за почист воздух во Кавадарци за периодот 2027–2031 година

Во просториите на Општина Кавадарци денес се одржа јавна расправа по Нацрт-планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Кавадарци за периодот 2027–2031 година.

На настанот беше детално презентирана содржината на документот, со посебен акцент на актуелната состојба со квалитетот на воздухот, главните идентификувани извори на загадување и приоритетните еколошки проблеми во градот. Дополнително, пред присутните беа претставени и конкретните предложени мерки и активности преку кои во наредните пет години треба да се намали загадувањето.

Преку отворената дискусија, граѓаните и засегнатите страни имаа можност одблиску да се запознаат со планираните решенија и да достават свои забелешки, мислења и конструктивни предлози, со цел документот дополнително да се унапреди пред неговото конечно донесување.

Од локалната самоуправа посочуваат дека Општина Кавадарци останува цврсто посветена на спроведување еколошки мерки и проекти насочени кон заштита на природата и обезбедување почиста и поздрава животна средина за сите жители.

Најнови вести