ПРВ.мк
Македонија

Министерот Клековски потпиша петгодишен протокол за соработка во здравството со Универзитетот Тракија од Едрене

Министерот Клековски потпиша петгодишен протокол за соработка во здравството со Универзитетот Тракија од Едрене

Министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со ректорот на Универзитетот Тракија од Едрене, проф. д-р Мустафа Хатиплер, денес потпишаа петгодишен протокол за соработка во областа на здравството.

Според потпишаниот документ, соработката меѓу двете институции ќе опфаќа повеќе клучни сегменти:

  • Стручни престои и практична обука за македонските здравствени работници на Медицинскиот факултет и во Универзитетската болница во Едрене;
  • Размена на знаења и клиничко искуство меѓу стручните медицински тимови;
  • Реализација на заеднички научни истражувања и организација на стручни настани;
  • Проширување на соработката и во сферите на стоматологијата, фармацијата и здравствените науки.

Како што информираат од Министерството за здравство, овој протокол претставува директно продолжение на меморандумот што во октомври беше потпишан во Истанбул меѓу министерот Клековски и министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу. Со денешното потпишување, стручната размена и специјалистичката едукација, кои беа определени како приоритетни области, добиваат конкретна рамка за имплементација.

Најнови вести