ПРВ.мк
Македонија

Клековски на националната работилница за јавно здравје: Потребно е целосно поврзување на податоците меѓу матичните лекари, болниците и ИЈЗ

Клековски на националната работилница за јавно здравје: Потребно е целосно поврзување на податоците меѓу матичните лекари, болниците и ИЈЗ

Министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со д-р Аким Али од Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје и д-р Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), денес ја отвори националната работилница посветена на прелиминарните наоди од анализата на есенцијалните јавно-здравствени функции.

Како што беше истакнато на настанот, направената анализа покажува дека во земјава веќе постои солидна основа – функционални институции, законска рамка, национални програми и стручни капацитети.

Во своето воведно обраќање пред присутните, министерот Клековски ги посочи трите клучни приоритети на кои ќе се фокусира ресорот во наредниот период:

  • Интегриран здравствен информациски систем: Целосно поврзување на податоците од матичните лекари, болниците, лабораториите и Институтот за јавно здравје, со цел рано откривање на ризиците и навремено носење одлуки.
  • Посилна превентивна улога: Зајакнување на капацитетите на ИЈЗ и центрите за јавно здравје, со обезбедување јасен континуитет – од превентивен скрининг, па сè до навремена дијагноза и лекување.
  • Модернизација на законската рамка: Унапредување на регулативата и воспоставување прецизна координација меѓу сите надлежни институции при појава на јавно-здравствени ризици.

На крајот од обраќањето, Клековски упати благодарност до Светската здравствена организација за континуираната поддршка во овој процес, како и до сите претставници од здравствените институции, академската заедница и граѓанските организации кои придонеле во изработката на анализата.

Најнови вести