По продолжениот викенд за празникот Илинден, кога неработниот ден поради тоа што 2 Август се падна во недела беше префрлен на понеделник, граѓаните веќе можат да го планираат следниот одмор.
Во наредниот период следуваат уште неколку неработни денови, а дел од нив ќе овозможат нови продолжени викенди за граѓаните низ Македонија.
Првиот следен неработен ден е 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, познат како Голема Богородица, кој е неработен за граѓаните од православна вероисповест. Овој празник годинава се паѓа во петок, што значи дека верниците ќе имаат можност за тридневен одмор.
За сите граѓани на Република Северна Македонија следуваат и неколку државни празници:
- 8 Септември (вторник) – Ден на независноста
- 12 Октомври (понеделник) – Ден на народното востание, бидејќи 11 Октомври се паѓа во недела, со што се создава продолжен викенд
- 23 Октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба, уште една можност за продолжен одмор
- 8 Декември (вторник) – Св. Климент Охридски
Покрај државните празници, православните верници ќе имаат уште еден неработен ден:
- 28 Август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
Граѓаните од католичка вероисповест, пак, ќе ги одбележат следните неработни денови:
- 1 Ноември (недела) – Празникот на сите светци
- 25 Декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ
Иако летниот одмор за многумина е во тек, календарот покажува дека до крајот на годината ќе има уште неколку можности за пауза, патувања и продолжени викенди.







