Со полагање свежо цвеќе пред спомен-бистата во селото Марена, викендов достоинствено беше оддадена почит и беа одбележани 25 години од трагичната смрт на македонскиот војник и бранител, Блашко Толев.
На настанот присуствуваа членови на неговото семејство, претставници од локалната самоуправа, здруженија на граѓани и голем број сограѓани кои се поклонија пред неговото вечно почивалиште.
Неговиот подвиг, храброст и предвремена жртва во воениот конфликт во 2001 година остануваат траен потсетник за љубовта кон татковината и аманет за идните генерации.
Вечна му слава!




