ПРВ.мк
Македонија

Од свадба во затвор: Пукањето на веселби продолжува да носи опасност и казни

Од свадба во затвор: Пукањето на веселби продолжува да носи опасност и казни
Escape

Традицијата со пукање со огнено оружје на семејни веселби и понатаму претставува сериозен проблем и закана за безбедноста. На социјалните мрежи секојдневно се појавуваат пријави за пронајдени куршуми во дворови и на покриви, а во најлошите случаи веселбите завршуваат трагично.

Иако е строго забрането пукaње на места полни со луѓе, Министерството за внатрешни работи регистрира десетици такви случаи во последните седум месеци, особено во јули. Портпаролот Гоце Андреев го опиша последниот случај каде во село Рашче биле приведени две лица кои со гасни пиштоли пукале на свадба.

Полошкиот регион е познат како еден од најпроблематичните во оваа смисла. Од СВР Тетово информираат дека оваа година имаат регистрирано девет кривични дела поврзани со пукање на веселби, со материјална штета на возила, тераси и куќи, како и три случаи на нарушување на јавниот ред и мир.

МВР потсетува дека пукањето со огнено оружје претставува прекршок со казна од 100 до 250 евра, но во зависност од последиците, може да се третира и како кривично дело „предизвикување општа опасност“, со казна затвор од една до пет години.

Оваа опасна традиција не само што ги загрозува животите, туку носи и сериозни правни последици за сторителите.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape