ПРВ.мк
Македонија

ОД БОЛНИЧКО ШКАФЧЕ ДО БАНКОМАТ: Провала во Центар за дијализа – еве што е одземено!

ОД БОЛНИЧКО ШКАФЧЕ ДО БАНКОМАТ: Провала во Центар за дијализа – еве што е одземено!
Kristal

Одделението за внатрешни работи во Кочани поднесе кривична пријава против две лица кои се сомничат за серија поврзани кривични дела, во кои класична кражба прераснала и во злоупотреба на банкарски картички.

Според официјалните информации од полицијата, првоосомничениот, 42-годишниот О.С.А. од Штип, на 4 октомври 2024 година неовластено влегол во просториите на Центарот за дијализа во Кочани. Таму, од шкаф кој го користеле две вработени лица, одзел паричник во кој имало готовина, две платежни картички и лични документи.

Истиот ден, во криминалната постапка бил вклучен и второосомничениот, 39-годишниот Д.Т. од Кочани, кој, според полицијата, ја презел таканаречената „дигитална фаза“ на кражбата. Тој ги употребил украдените банкарски картички и од банкомати подигнал пари во вкупен износ од 40.300 денари, што е околу 650 евра.

Полицијата наведува дека двајцата се сомничат за повеќе кривични дела, меѓу кои „кражба“, „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, како и „помагање во оштетување на компјутерски систем“.

По целосно документирање на случајот, сите докази и материјали се доставени до надлежното обвинителство, кое ќе одлучува за понатамошниот тек на постапката.

FixCredit
Escape