ПРВ.мк
Македонија

Од бели патики до розови разочарувања: Расте бројот на жртви на онлајн измами во Македонија!

Од бели патики до розови разочарувања: Расте бројот на жртви на онлајн измами во Македонија!
Kristal

Граѓаните сè почесто се жалат дека онлајн купувањата преку социјални мрежи и веб страници завршуваат со измами – добиваат производи различни од нарачаните, оштетени или фалсификувани, а контактот со продавачот е невозможен. Минатата година Организацијата на потрошувачи на Македонија примила 744 поплаки за вакви случаи.

Онлајн трговијата во земјава расте по околу 15–16% годишно. Најпопуларни се облека, обувки, електроника, козметика и спортска опрема. Причините за порастот се зголемената употреба на интернет и паметни телефони, подобрените услуги за достава и довербата во електронските плаќања, иако дел од граѓаните сè уште преферираат плаќање при достава.

Експертите предупредуваат дека најризични се купувањата од непроверени страници и преку социјални мрежи, каде често се нудат „неверојатни попусти“ или се злоупотребуваат платежни картички.

Иако Македонија е помал пазар во споредба со Србија и Хрватска, онлајн трговијата бележи стабилен раст и се очекува трендот да продолжи.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape