Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 21-годишен возач поради тешки дела против безбедноста во сообраќајот.
На 24 март во Марино, осомничениот управувал автомобил „КИА“ без возачка дозвола и со 0,94% алкохол во крвта. Не ја приспособил брзината на условите и удрил во пешакот Оливер Младеновски, кој починал од тешките телесни повреди.
Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци или повторување на делото, обвинителството предложи да му се определи мерка притвор.


















