ПРВ.мк
Македонија

Мицкоски објави убави вести за сите граѓани!

Мицкоски објави убави вести за сите граѓани!
Kristal

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во моментов се реализираат 17 странски инвестиции во земјата, кои треба да создадат до пет илјади нови работни места.

– „Веќе неколку пати најавив дека во тек се, во завршна, почетна или некоја фаза на реализација, околу седумнаесет инвестиции што треба да креираат до пет илјади нови работни места“, рече Мицкоски на презентација на страјкер‑возилата во касарната во Петровец.

Тој посочи дека регионалната соработка и инвестициите во енергетиката се клучни за иднината на регионот:

– „Ако сами настапуваме, се плашам дека нема да бидеме препознаени од инвеститорите. Сумата што ја имаме на располагање во следниве десет години е огромна – само 0,01% од таа сума се околу четири трилиони американски долари. Тоа е над вкупниот номинален БДП на сите шест земји од Западен Балкан заедно“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека државата се подготвува сериозно, а дел од проектите веќе се во тек, меѓу кои:

  • Ветрен парк Алказар во Штип, Радовиш и Карбинци, инвестиција вредна половина милијарда долари, со почеток на теренските работи најавен по Велигден.
  • Проекти во Чебре, Галиште и Бошков Мост, кои се дел од иницијативите претставени во Давос.
  • Гасни електрани со турскиот холдинг Акса и гасни интерконектори со Грција и Србија.
  • Потенцијални дата центри што ќе зависат од стабилни енергетски извори.

Во однос на снабдувањето со електрична енергија, Мицкоски рече дека критиките од ДУИ за набавка на струја не се точни и дека АД ЕСМ сега работи профитабилно, продавајќи на берза околу 850 мегават часови дневно, со додадена вредност од 100–150 илјади евра.

– „Постојат периоди кога се увезува струја и периоди кога се извезува. Денеска, на пример, цената на струјата е нула или минус, па логично е компанијата да купува од берзата“, објасни премиерот.

Тој потсети дека долговите од минатата влада и сомнителните набавки на мазут се минато, а сегашниот систем функционира со стабилна енергетска политика. За ослободувањето на мазут за ЕСМ, Мицкоски рече дека Владата во декември оставила на располагање околу 3.000–3.200 тони.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo