Во Ормускиот теснец се блокирани околу 2.000 бродови и 20.000 морнари, изјави генералниот секретар на Меѓународната поморска организација, Арсенио Домингез.
- Колку подолго овие бродови се блокирани, толку подолго екипажите трпат стрес, ментален замор и недостиг од сите потребни залихи - рече Домингез.
Тој додаде дека осигурителните компании одбиваат да ги покријат трошоците за загубите, а многу од нив ги откажале договорите или наплатуваат високи премии.
- Хуманитарната криза на овие бродови засега се спречува благодарение на помошта што ја обезбедуваат земјите околу теснецот - истакна Домингез.
Меѓународната поморска организација инсистира на отворање хуманитарен коридор кој би овозможил бродовите да го напуштат подрачјето.
- Планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги следи бродовите низ Ормускиот теснец е едноставно неодржлив, бидејќи нема гаранции дека бродовите на комерцијалните рути нема да бидат нападнати и дека невини морнари нема да бидат повредени или убиени - изјави Домингез за „Ал Џазира“.
Иран планира да наплатува премин низ Ормускиот теснец
Иранските медиуми јавија дека парламентот разгледува закон за наплата на преминот низ теснецот. Претседателот на парламентарниот градежен одбор изјави дека „нацртот е подготвен, но уште не е закон“, додавајќи дека целта е „обезбедување на безбедност за бродовите кои поминуваат“. Засега не се познати висините на таксите.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аргачи, рече дека Иран досега дозволил премин на бродови од земји како Кина, Русија, Пакистан, Ирак и Индија. Тој додаде дека од иранска перспектива, Ормускиот теснец „не е целосно затворен, но е затворен за непријатели“.
Смањен сообраќај низ Ормускиот теснец за 95%
Протокот на бродови низ Ормускиот теснец драстично е намален и дневно минуваат помалку од пет танкери, што претставува пад од околу 95% во однос на вообичаениот сообраќај, пренесува агенцијата Тасним.
Според податоците на „MarinTraffic“, Техеран дозволува премин претежно на бродови од пријателски земји, како Кина, Индија и Пакистан, додека непријателските земји немаат дозвола за премин.
Во четвртата недела од конфликтот, помалку од пет бродови дневно добиле дозвола од Техеран да поминат низ теснецот.


















