Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец поради основано сомнение дека сторил телесна повреда, загрозување на сигурноста и неизвршување на судска одлука.
На 24 март, во семејниот дом во Охрид, осомничениот физички го нападнал својот 10-годишен син со тупаници, шамари и клоци, а во еден момент го подигнал за коса.
Исто така, тој подолго време упатувал сериозни закани кон неговата сопруга, со што ја загрозил нејзината сигурност.
Семeјното насилство било извршено и покрај активните судски забрани кои му забранувале физичко и психичко малтретирање на сопругата и двете деца. Поради ризикот од повторување на насилството и бегство, обвинителот предложил притвор.


















