До крајот на годината, сите приватни компании се обврзани да им исплатат на своите вработени регрес за годишен одмор, а законскиот минимум за 2025 година изнесува 18.141 денар.
Според законот, минималниот износ се пресметува како 40% од просечната тримесечна исплатена плата. Компаниите можат да одлучат да исплатат повисок износ на регрес, но во случај на финансиски потешкотии или загуба, можат да го намалат износот со согласност на синдикатот. Ако компанијата нема синдикат, согласноста се потпишува со претставник на вработените.
За споредба, во јавниот сектор регресот за оваа година е утврден на 12.372 денари.















