ПРВ.мк
Свет

Силен земјотрес од 5,7 степени ја стресе земјата - еве каде е епицентарот!

Силен земјотрес од 5,7 степени ја стресе земјата - еве каде е епицентарот!
Kristal

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди префектурата Кумамото, во југозападна Јапонија. Настанот се случил кратко по 18 часот во областа Асо, на длабочина од околу 10 километри.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека засега не е издадено предупредување за цунами, а надлежните следат дали има последици од потресот.

Станува збор за област која е позната по сеизмичка активност, но властите апелираат на претпазливост и ги советуваат жителите да ги следат официјалните упатства и известувања.

Escape