Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во свечената сала на Владата ќе додели решенија за самовработување, како дел од владиниот Оперативен план за вработување. По завршувањето на настанот, премиерот ќе одржи и прес-конференција.
Годинашниот Оперативен план претставува значајна инвестиција од над 40 милиони евра за поддршка на активното вработување, преквалификација, самовработување и претприемништво.
Со овие мерки се очекува да бидат опфатени повеќе од 16.000 невработени лица преку различни програми и обуки.
Целта на Владата е поттикнување на претприемништвото, унапредување на вештините и полесна интеграција на невработените на пазарот на трудот.















