ПРВ.мк
Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Еве кои се 5-те лица уапсени утрово во големата полициска акција – меѓу нив и поранешен министер од СДСМ!

НАЈНОВА ВЕСТ: Еве кои се 5-те лица уапсени утрово во големата полициска акција – меѓу нив и поранешен министер од СДСМ!
Kristal

На 25.11.2025 година, ОСОСК во координација со ОЈО Скопје презеде службени дејствија и изврши претреси во Скопје, Куманово и Тетово поради сомненија за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ извршено во периодот 2021-2022 година од страна на овластени лица во Агенција за стоковни резерви, Агро берза, МЗШВ и вешто лице, со цел прибирање на докази за понатамошната постапка.

Службените лица со неизвршување на својата должност придонеле за отпис на 1.500.000 кг меркантилна пченица и 500.000 кг јачмен од државните стоковни резерви, со што предизвикале штета на буџетот од околу 780.000 евра.

Според првичните информации, осомничени се:

  1. Ниметула Рамадани – службено лице-раководител во Агенција за стоковни резерви Скопје.
  2. Реси Абдурахмани – директор на Агенција за стоковни резерви Скопје.
  3. Тони Кантурски – службено лице-раководител во Агенција за стоковни резерви Скопје.
  4. Трајан Димковски – поранешен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
  5. Миле Пешевски – вешто лице при Биро за процена од областа на земјоделството.

Оваа акција е дел од продолжените напори на институциите за истрага и одговорност на јавните службеници.

Escape