ПРВ.мк
Македонија

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Брутално ја претепал сопругата!

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Брутално ја претепал сопругата!
Kristal

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен жител на Куманово, осомничен дека при семејно насилство ѝ нанел тешка телесна повреда на својата сопруга.

Според обвинителството, на 20 март во семејниот дом најпрво дошло до вербална расправија, по што осомничениот физички ја нападнал жената. Таа претрпела серија удари по телото, што резултирало со сериозни повреди, вклучувајќи фрактури на три ребра.

Против осомничениот е покрената постапка за кривично дело Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител предложи определување мерка притвор за осомничениот, со цел обезбедување на непречено водење на постапката.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo