ПРВ.мк
Македонија

НОВИ УНИФОРМИ ЗА СИТЕ ОСНОВЦИ ВО ВЕЛЕС: Бесплатна облека за над 4.000 ученици, неделава започнува пробувањето на големините!

НОВИ УНИФОРМИ ЗА СИТЕ ОСНОВЦИ ВО ВЕЛЕС: Бесплатна облека за над 4.000 ученици, неделава започнува пробувањето на големините!

Учебната 2026/27 година ќе започне со големо олеснување за семејствата и нова слика во училишните клупи. Сите над 4.000 ученици во основните училишта во општината ќе добијат комплетно нови и бесплатни училишни униформи.

Како дел од подготовките за навремена реализација на овој проект пред почетокот на учебната година, во текот на оваа седмица учениците ќе имаат можност да пробаат соодветни големини (величини) директно во своите училишта.

Со воведувањето на оваа мерка, целта е двојна:

  • Финансиско олеснување: Значително ќе се намалат трошоците на семејствата за подготовка на децата за на училиште.
  • Социјална еднаквост: Ќе се создадат еднакви услови за образование за сите дечиња, со што директно ќе се влијае на намалување на врсничката поделба и насилството по социјален основ.

„Младите се нашата иднина, а инвестирањето во нив е инвестиција во подобро утре за сите нас“, порачуваат надлежните во пресрет на новиот проект кој носи еднаквост и заштеда во секое семејство.

Најнови вести