ПРВ.мк
Македонија

Ова лето нема повеќе како порано: Нови правила за сите што ќе се качат на педалинка

Ова лето нема повеќе како порано: Нови правила за сите што ќе се качат на педалинка

Полицијата започна кампања за поголема безбедност на туристите кои користат педалинки на охридското крајбрежје, со нови препораки и засилени контроли во текот на летната сезона.

Од СВР Охрид информираат дека сопствениците кои издаваат педалинки се должни пред секое изнајмување да ја проверат нивната техничка исправност и да обезбедат соодветна безбедносна опрема, вклучително и спасувачки елеци за возрасни и деца.

Дополнително, тие треба да ги информираат корисниците за правилата за безбедно користење, како задолжително носење спасувачки елек, забрана за скокање од педалинките, управување под дејство на алкохол или психотропни супстанции и почитување на означените зони за пловидба.

Од полицијата апелираат издавачите постојано да го следат движењето на педалинките и, доколку забележат опасност, веднаш да реагираат и да ги известат надлежните служби.