ПРВ.мк
Македонија

НОВА ИЗМАМА: Маж земал 12.000 евра од жена од Македонија - еве како ја измамил!

НОВА ИЗМАМА: Маж земал 12.000 евра од жена од Македонија - еве како ја измамил!

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Л.М. (49) од Косово поради сомнение за измама.

Според пријавата, на 15 септември 2025 година, Л.М. преку социјална мрежа ја довел во заблуда жената, претставувајќи се како сопственик на градежна фирма во странска држава и ѝ понудил посредување при купување имот.

Оштетената, верувајќи му, во три наврати му уплатила вкупно 12.000 евра како капар, но ветениот имот никогаш не го добила.

Најнови вести