ПРВ.мк
Македонија

Нова голема инвестиција во Кавадарци: Започна изградбата на новиот Картинг центар вреден над 35 милиони денари

Нова голема инвестиција во Кавадарци: Започна изградбата на новиот Картинг центар вреден над 35 милиони денари

Спортската и рекреативната инфраструктура во Кавадарци добива уште еден значаен и современ капацитет. По официјалниот вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, интензивно се продолжува со реализацијата на проектот за изградба на новиот Картинг центар.

Оваа голема инвестиција е обезбедена преку вториот повик на Владата на Република Северна Македонија, а нејзината вкупна вредност изнесува 35.247.407 денари.

Новиот спортско-рекреативен комплекс ќе се простира на површина од 2.700 квадратни метри. Во рамките на центарот е предвидена изградба на современа и безбедна картинг патека изработена по сите стандарди, како и соодветни придружни објекти кои ќе ги задоволат потребите на посетителите и учесниците.

Со реализацијата на овој проект, Кавадарци добива сосема нова содржина наменета пред сè за младите, но и за сите љубители на автомобилизмот, адреналинот и спортот. Истовремено, овој современ објект дополнително ќе ја обогати и заокружи туристичката понуда на општината, привлекувајќи гости од целиот регион.