ПРВ.мк
Македонија

НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Тајна шахта и кражба на струја од над 56.000 евра откриени во станбено-деловен објект!

НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Тајна шахта и кражба на струја од над 56.000 евра откриени во станбено-деловен објект!
Kristal

По претходни контроли во станбено-деловен објект на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово, Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија утврди тешка кражба на електрична енергија. Објектот функционира како ресторан, спа центар, фитнес центар и салон за убавина, соопшти Електродистрибуција.

Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку специјално изработена подземна шахта и директно неовластено приклучување на нисконапонски кабелски вод.

Од страна на Електродистрибуција се преземени мерки и е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 3.459.428 денари (приближно 56.000 евра).

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo