Камион со скопски регистарски таблички вчера удрил во семафор на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, при што едно лице е повредено.
Град Скопје соопшти дека надлежните служби веднаш излегле на терен и работат на санација на штетата. Екипи биле ангажирани за отстранување на оштетената сообраќајна сигнализација и за враќање на локацијата во првобитна состојба, со цел што побрзо да се воспостави безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Од Град Скопје информираа дека трошоците за санација и повторно поставување на сообраќајната сигнализација ќе бидат фактурирани на товар на причинителот на штетата, согласно важечките прописи.















