ПРВ.мк
Балкан

БАЛКАНСКА ЗЕМЈА НА ЧЕКОР ДО ДРАСТИЧНА ОДЛУКА! Американска војска и опрема пристигнуваат во соседството!

БАЛКАНСКА ЗЕМЈА НА ЧЕКОР ДО ДРАСТИЧНА ОДЛУКА! Американска војска и опрема пристигнуваат во соседството!
Kristal

Претседателот на Романија, Никушор Дан, денес по состанокот на Врховниот совет за национална одбрана соопшти дека е одобрено привремено распоредување на дел од американските воени сили и опрема на романска територија, нагласувајќи дека тие имаат исклучиво одбранбен и некинетички карактер. Оваа одлука сè уште треба да биде потврдена од парламентот.

Романскиот претседател одобрил распоредување американска опрема

Дан појасни дека мерката, која има цел да ја зајакне националната безбедност, вклучува:

  • системи за дополнување гориво на авиони
  • системи за следење
  • опрема за сателитска комуникација

Според него, оваа опрема не е вооружена со вистинско оружје, туку нејзината мисија е поддршка и надзор. Мерката се реализира во рамки на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и е целосно усогласена со соработката на останатите земји членки на НАТО.

Парламентот треба да ја потврди одлуката

Тој истакна дека за да пристигнат овие сили и опрема во Романија, потребно е парламентот да гласа за одлуката.

– За оваа опрема и овие воени сили да пристигнат во Романија, неопходно е одобрување од парламентот, а гласањето треба да се одржи денес – изјави Дан.

Што бара Вашингтон

Советот на првиот состанок оваа година ги разгледал безбедносните последици од конфликтот на Блискиот Исток, неговото влијание врз енергетскиот пазар во Романија, како и можноста за привремено распоредување воени капацитети на романска територија.

Според романските медиуми, барањето на Вашингтон се однесува на користење на воздухопловната база Воздухопловна база Михаил Когалничану, која претставува една од најважните воени точки во регионот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo