Скандалот со доктор Игор Кузмановски од Клиниката за неврологија добива нова димензија. Неколку дена пред да се појави контроверзното видео во кое се гледа како докторот меша бела прашкаста супстанција и зборува за нејзиниот квалитет, во полицијата во Карпош била поднесена пријава против него.
Како што потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“, на 4 октомври 2025, 54-годишна жена пријавила дека уште од септември добивала заканувачки пораки од И.К. (Игор Кузмановски) преку телефон.
„Со лицето е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.
Овој нов развој го става Кузмановски во уште покомпромитирачка позиција, бидејќи истрагата за видеото со сомнителната супстанција сè уште е во тек, а сега се додава и можен елемент на вознемирување и закани.
Досега нема официјална изјава од Клиниката за неврологија, каде докторот е вработен.