Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, но со периоди на сончево време. Сепак, во текот на попладневните и вечерните часови се очекува промена на временската состојба, со појава на локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник.
Од Управата за хидрометеоролошки работи посочуваат дека на одредени места временските процеси може да бидат поизразени и да прераснат во краткотрајно невреме. Во тие подрачја се очекуваат пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Во текот на денот ќе дува засилен ветер од северен правец. Особено долж Повардарието ветерот повремено ќе достигнува брзина до 40 километри на час.
Температурите денеска ќе бидат релативно високи. Утринските минимални температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневната температура ќе достигне вредности од 25 до 32 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец, но во попладневните часови временската состојба во делови од Скопската Котлина ќе се промени.
Таму се можни повремени врнежи од дожд, проследени со засилен ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 18 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне 28 степени.
Според најновата прогноза на УХМР, променливото време ќе продолжи и во наредните денови. До крајот на работната седмица ќе преовладува посвежо и променливо облачно време, со сончеви периоди.
Нова промена се очекува од петок во попладневните часови, кога повторно се прогнозира појава на врнежи од дожд.
Дополнително, до среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер, кој на моменти ќе достигнува, односно надминува брзина од 50 километри на час. Тоа значи дека покрај врнежите и локалните нестабилности, во одредени периоди треба да се очекува и значително засилување на ветерот.









