ПРВ.мк
Македонија

НЕМА ВРАЌАЊЕ НА 18% ЗАСЕГА: Владата го продолжи намалениот ДДВ за горивата

НЕМА ВРАЌАЊЕ НА 18% ЗАСЕГА: Владата го продолжи намалениот ДДВ за горивата

Владата донесе одлука со која примената на намалената стапка на ДДВ за горивата се продолжува до 12 октомври 2026 година.

Наместо редовната стапка од 18 проценти, до овој датум за горивата ќе продолжи да се применува ДДВ од 10 проценти.

Според Владата, продолжувањето на мерката има цел да придонесе за стабилност на цените и заштита на животниот стандард на граѓаните.

Надлежните најавуваат дека и во следниот период внимателно ќе ги следат движењата на цените и состојбите на пазарот, со цел навремено преземање дополнителни мерки доколку за тоа има потреба.