ПРВ.мк
Македонија

НЕ ЈА ПИЈТЕ ВОДАТА: Забрана во четири села поради бактериска контаминација

НЕ ЈА ПИЈТЕ ВОДАТА: Забрана во четири села поради бактериска контаминација

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое се забранува употребата на водата за пиење во четири струмички села – Рич, Попчево, Белотино и Вељуса.

Како што информира Општина Струмица, забраната е воведена по вонреден инспекциски надзор при кој било утврдено отсуство на резидуален хлор, но и присуство на бактерии кои се индикатори на фекално загадување.

Поради тоа, жителите на четирите населени места не смеат да ја користат водата за пиење, подготовка на храна, ниту за послужување во јавните објекти.

Од Општина Струмица апелираат граѓаните строго да ја почитуваат забраната сè додека надлежните институции не потврдат дека водата повторно е исправна и безбедна за употреба.

Мерката ќе остане во сила до добивање резултати кои ќе потврдат дека се исполнети условите за безбедно користење на водата.