ПРВ.мк
Македонија

Наставник во основно училиште физички нападнал ученик

Наставник во основно училиште физички нападнал ученик

39-годишниот А.К. од Скопје пријавил дека на 30 септември 2025 година неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода.

Според полицискиот билтен, инцидентот се случил околу 16:10 часот, а случајот бил пријавен во СВР Скопје на 2 октомври во 13:10 часот. Наставникот кој го нападнал ученикот е идентификуван како Г.Ј., вработен во училиштето.

По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок и евентуални правни последици за наставникот.